Ваши чувства на тема религија
Здраво дечки :) Скоро цел живот бев атеист, не сум верувал во ништо ни како мал, без разлика дали е Дедо Мраз или било какво суеверие. На 10 години почнаа да ме интересираат прво антички политеистички религии, па после и христијанство. Пробав да го читам Стариот Завет, но ми се чинеше како куп глупости и се откажав (секако бев премал за таква книга) и од тогаш се сметав за атеист. Последниве 2-3 години разговори со другари и колеги од различни религии ме натераа пак да се прашувам за темава. Со години се мачев со разни проблеми во животот и заклучив дека одговорот за тоа е Бог или Универзумот или како и да сакате да ја наречете суштината на сите нешта. Се уште не знам дали има конкретна постоечка религија која се совпаѓа со она што јас до сега го имам констатирано за животот и моите досегашни политички убедувања.
За вас прашањата ми се:
- Верувате ли во Бог? Зошто/зошто не?
- Кога и како го сфативте тоа?
- Кои се основните вредности или правила по кои се водите низ животот?
Можеби е веќе стотици пати дискутирана темава овде и на некои им изгледа бош ама мене лично многу би ми значеле вашите сериозни одговори.